Состојки:
1 канче кисело млеко
1 ч. л. сода
2 чајни чаши брашно
1 с.л. масло
масло околу 1/2 пакетче
150 г сирење
Подготовка :
Се меша сè, се замесува тесто и се обликуваат топчиња или каква форма и да сакате. Се ставаат во подмачкана тава облеана со брашно, а секоја топка се притиска со палецот во средината, за да се формира кладенче.
Во секое кладенче се става грутка масло, а количината се утврдува според големината на тортиљите/земичките. Се пече сè во претходно силно загреана рерна (обично 220 степени) 10 минути додека се испечат. Се сервираат топли.