Состојки:
300 г спанаќ
200 г рукола
1 портокал
150 г нар во зрна
200 г овчо сирење
1 лажица малинов оцет
1 лажица мед
2 лажици маслиново масло
сол
црн пипер
50 г цели ореви
Подготовка:
Лиснат зеленчук се сече на големо и се става во сад. Се лупи портокалот и се сече на коцки. Додајте го кон салатата. Направете го истото и со сирењето. Можете да го исечете на коцки или да се искрши – изборот е ваш.
Одозгора се фрлаат зрна од калинка. На салатата се додаваат вкусови со зачините, маслиновото масло и малиновиот оцет. За финале се додаваат и оревите.