Состојки:
1 глава свежа брокула
1 голем морков
2 големи компири
4 лукчиња
100 мл. готварски крем
2 лажици сенф
сол
црн пипер
арапски леб
Подготовка:
Исечете ги брокулите на розички. Сварете ги заедно со останатиот зеленчук во малку посолена вода. Кога се подготвени може да ги исцедите, да ги пасирате во блендер и да ги префрлите во нов лонец.
Додавајте по малку од водата во која сте ги вареле. Направете сос од павлака и сенфот и откако супата повторно ќе зоврие, може да додадете сос, со тоа што ќе мешате постојано. Оставете ја супата да врие уште 2-3 минути.