Состојки:
1 и 1/2 чаши брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол – по желба
3 големи банани
3/4 чаша бел шеќер
1 јајце
1/3 чаша масло
½ лажичка цимет
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во голем сад измешајте брашно, сода бикарбона, прашок за пециво и солта. Во друг сад изгмелете ги бананите во пире и кон нив додајте ги шеќерот, јајцето, маслото, циметот.
Измешајте добро со помош на миксер, потоа додајте ги сувите состојки. Добиеното тесто распоредете во садот за мафини, оставајќи околу прст и половина растојание од крајот на садот, за да може тестото да нарасне, а не да се прелее од него.
На мафините им требаат околу 15-20 минути. Пред да сервирате, може да ги украсите по ваш избор или да ги посипете со шеќер во прав.