„Ракот на дојката е болест од која се загрозени многу луѓе и заедно со поддршката на своите најблиски, секојдневно се борат со последиците од неа.
![]()
Со цел да упатиме порака на безрезервна поддршка на сите храбри жени кои ја водат својата борба со оваа болест и нивните семејства, да искажеме почит кон лекарите и професионалците посветени на овој проблем, да дадеме придонес во подигнување на свеста за превенција, рана дијагноза и третман, Форумот на жени на ЛДП ја поздравува иницијативата на традиционалната, осма по ред кампања, „Напред розово, чекори против ракот на дојка“, и се приклучува на денешната централната активност“, соопштуваат од ЛДП.