![]()
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија остана на ставовите кои ги кажа во текот на минатата недела во однос на барањата на СЈО, а тоа е дека нема да прифати разгледување на било какви барања од страна на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, информира а1он.
-Прва причина е дека не прифаќаме никакви договорања, предоговарања проширувања на време и рокови надвор од тоа што беше договорено во процесот наречен „Пржино“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Како објаснување за оваа одлука, Димовски наведе дека се што е поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори е овозможено.
Целиот текст можете да го прочитате тука