Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето се сретна со новиот шеф на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Димитрис Јанакакис.
![]()
На состанокот се разговараше за очекувањата од изборниот процес во земјава како и за Програмата на СДСМ којашто има за цел добар живот за граѓаните и обнова на демократските процеси во Македонија.
-Приоритет за граѓаните на Македонија е организација на фер избори и регуларни избори на 11 декември. Промените што ќе се случат веќе се чувствуваат и ние сериозно сме посветени, освен на обезбедувањето услови за слободно изразување на слободната волја на граѓаните и на динамиката на решавање на нивните проблеми. Имаме готови планови за мерките што ќе ги преземеме во првите 6 месеци од мандатот и во наредните 2 години, тоа се мерки за кревање на животниот стандард и нови работни места, како и за обнова на довербата во институциите на системот, рече претседателот Заев.
Претседателот Заев нагласи дека СДСМ е цврсто определена да ја гради Македонија како просперитетно општество, во коешто сите граѓани ќе бидат еднакви пред Уставот, законите и правдата.