Состојки:
500 г крем сирење
неколку страка магдонос и босилек
2 чешниња лук
500 г доматен сос
оригано
200 г салама по ваш избор
200 г кашкавал или моцарела
1-2 лути пиперки
7-8 маслинки
Подготовка:
Во сад измешајте го крем сирењето со зелените зачини и толчениот лук. Намачкајте ја сосема благо тавата за печење и истурете во неа крем сирење. Раширете го добро. Потоа врз него ставете сос, посипете со оригано и распрскајте рендан кашкавал или моцарела, а потоа и исечени пиперки.
Наредете го на тенко исеченото салами и маслинките. Печете во загреана рерна на 200 степени, додека сирењето не се стопи. Послужете со крцкав леб, чипс или крекери.