Состојки:
1 средно голема конзерва бел грав
1 конзерва туна
1 глава црвен кромид
неколку листови марула
10 маслинки
неколку страка магдонос
7-8 шери домати
сол, маслиново масло, оцет балсамико
Подготовка:
Прецедете го гравот од конзервата и ставете го во сад. Додајте кон него исечени зеленчук и риба. Зачинете со сол, маслиново масло и оцет балсамико.