[РЕЦЕПТ] Како да си направите мозаична торта

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Подготовка:
Дали некогаш сте се запрашале како да си направите мозаична торта ? Мислите дека се прави само фабрички и дома не можете да го постигнете овој ефект? Грешите! Нема да поверувате колку лесно се создаваат овие мозаични форми, слични на мета, центрифуга или како уште ги нарекуваат луѓето.603cf472ee4b0262f8b81cfcdabbab3e

Како да си направите ефектнa мозаична торта?
Изберете си омилен рецепт за колач тесто. Поделете го тестото на два дела. Едниот дел оставете го природен (бел) , а другиот обојте го со малку какао , по можност незасладен.

Намазнете ја тркалезната тава за печење со малку масло. Со лажица или мал садови започнете да преливате од смесата во центарот на садот . Прво истурете една лажица од белото тесто, потоа повторно во центарот на садот (врз белото тесто) прелијте и една лажица од какао тесто .c762552529192e4ec1febf40fb0d674c

Така постепено со секоја наредна лажица (сад) тестото ќе се шири кон рабовите на садот, формирајќи мозаична форма.

Исклучително лесно! Пробајте следниот пат.