Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамки на организираната предидзборна посетата на САД оствари средба со конгресменот од Њу Џерси Бил Пасквел.
Како што соопштуваат од партијата соговорниците дискутирале за повеќе теми и сфери кои се од значење за Република Македонија, афирмирајќи ги интересите поврзани со интеграциите во НАТО, зајакнување на македонско-американските односи и потенцијалите за нивно интензивирање.
Груевски по средбата со Пасквел изјави дека се разговарало за повеќе аспекти поврзани со Македонија, за предизвиците со кој се соочува и стратешките цели вклучувајќи го и членството во НАТО
Бил Пасквел, кој, како што наведуваат во соопштението, е еден од конгресмените со најдолг стаж во Американскиот конгрес искажал поддршка за македонските интеграции во НАТО. Истакнал дека државата заслужува да стане членка што побрзо, при што и тој со своите капацитети ќе се вклучи во презентирањето на капацитетите кои ги поседува Република Македонија на тој план.