Состојки:
1 кг моркови, се сечат на кругови / коцки
3 лажици јаболков оцет
1 лажица сол
5-6 лукчиња
1 врска свеж копар
4-5 зрна бибер
шеќер
Подготовка:
Измијте ги, излупете и исечете морковите. На дното на 3 телги со средна големина ставете по 1-2 лукчиња, помалку од копарот (претходно исечен на големо) и по 1-2 зрнца бибер.
Потоа наполнете ги теглите со исечени моркови со тоа што ќе ги дистрибуирате подеднакво. Одделно на топлина во тенџере загрејте ги оцетот, солта, 1 – 1 и ½ литри вода, шеќер. Откако ќе се спојат, истурете во секоја тегла од смесата.
Затворете ги добро теглите и варете околу десетина минути за стерилизација.