НДМ: Играта со паралелните полициски министри станува опасна авантура

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост од однесувањето на паралените полициски министри на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ при нивно заедничко телевизиско гостување во кое се виде дека немаат потребен капацитет за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

timthumb-1

За НДМ е поразителна сликата за поделеност и некоординираност во раководењето на МВР иако во полициското работење е недозволиво паралелизам на старешинскиот кадар во МВР, земјаќи предвид дека станува збор за најчуствителниот орган во земјата задолжен за стабилноста и безбедноста.

НДМ предупредува дека поделбите во МВР можат да доведат до опасен судир и меѓу полициските службеници бидејќи истите се задолжени со оружје.

Затоа, НДМ бара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се вразумат и веднаш да постигнат единство во МВР, и оттука, ги повикуваме да престанат со натамошни делби кои претставуваат опасна авантура со немерливи последици за државата и народот.

За НДМ не е оправдување фактот што паралелните министри се поставени исклучиво по партиска послушност а не по критериумот знаење, способност и достигнување.