Состојки:
350 мл сварено кафе
50 г чоколадо по ваш избор
20 мл ликер од нане или друг по ваш вкус
сладолед
мраз
Подготовка:
Сварете кафе и оставете го малку да се излади. Потоа ставете во него чоколадо и мешајте додека не се стопи. Додадете ликер од ментол, топката сладолед и коцки мраз по желба. Послужете со сламка.