(ФОТО) Делегацијата на СДСМ го одбележа денот на народното востание 11 Октомври

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Делегацијата на СДСМ предводена од генералниот секретар Оливер Спасовски,  Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени го одбележа празникот 11 октомври Ден на народното востание.

timthumb-8

Делегацијата положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генералот Михајло Апостолски, како и на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски и на гробот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Цвеќе беше положено и на споменикот на Методија Анднов Ченто на плоштадот Македонија, како и на споменикот на Паднатите херои за Македонија во паркот Жена Борец.