Состојки:
4 парчиња леб
4 парчиња сирење за сендвич
350 г сецкана сланина
Подготовка:
По желба намачкајте го парчето леб со малку масло. Пред да ги слепите две по две, ставете го меѓу нив сирењето. Наредете сланина на табла и завиткајте ги сендвичите убаво. Запржете ги од сите страни во многу добро загреана тава.
