Состојки:
1 ладно тесто за пица
3 виршли
200 г различна шунка по ваш избор
150 г доматно пире
мелен црн пипер
суво оригано
2 жолчки
250 г сирење по ваш избор
1 црвена пиперка
Подготовка:
Земете го тестото и расукајте го на кујнската површина. Пресечете го на три. Намачкајте го со доматно пире, посипете со оригано, мелен црн пипер, сечканите пиперки, шунка, а потоа ставете и по една виршла.
Посипете со сирењето, потоа навртете го благо тестото, а од едната страна намачкајте го со жолчка, за да се залепи подобро и да не се отвори. Ставете ги пиците во тава и намачкајте ги со жолчка. Посипете со оригано и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.