Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ за улогата на новите медиуми и социјалните мрежи

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Во Македонска Опера и Балет во организација на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се одржува панел дискусија за улогата на новите медиуми и социјалните мрежи.images-61

Минисерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска рече во Македонија има голем развој на интернетот и оти сега во земјава има 1,5 милион интернет корисници.

Таа додаде дека интернетот најмногу се користи за социјални мрежи, ако се има предвид дека 1,1 милион корисници имаат профил на фејсбук. Меѓутоа, посочи, дека интернетот не се користи само за забава и комуникација туку и за бизнис, за остварување контакти, промовирање, но и од страна на институциите за размена на документација по службена должност што придонесува граѓаните помалку да одат по шалтери.

– Обезбедивме еден фер и конкурентски развој на  итнерент секторот за во секој дом да има интернет. Потоа да има интернет клубови во помалите места, а сега планираме да го воведеме и широкопојасниот интернет, како универзална услуга за што наскоро ќе отвориме јавен повик, рече Арсовска- Томовска.

Потенцирајќи дека во земјава има 1.600 компании во овој сектор со 16.000 вработени информатичари, рече дека оваа професија е дефицитарна во земјава и бидејќи тоа е професија на индината е воспоставен систем со кој е опфатена најмладата популација, а ќе се отворат и специјализирани средни училишта и поголема квота на факултетите.