Состојки:
200 ml сладок течен готварски крем
300 г црно чоколадо
1 лажиче цимет
1 лажиче ѓумбир во прав
150 г ѓумбир бисквити
Подготовка:
Ставете го во тенџере кремот и нека зоврие на тивок оган. Потоа, додадете го чоколадото, циметот и ѓумбир и мешајте постојано. Кога ќе се добие хомогена смеса, може да се отстрани од топлина и да оставите да се излади, а потоа да ја оставите во фрижидер за 2-3 часа.
Искршете ги добро бисквитите и ставете ги во сад. Со помош на лажичка земете малку од чоколадната смеса и оформете топче кое ќе го извалкате во бисквитите. Откако бонбоните се подготвени може да ги оставите за уште неколку минути во фрижидер или директно да ги каснете во пријатно друштво.