Панелки на ВМРО-ДПМНЕ; НИ требаат 62 пратеника, не е сеедно дали ќе бидат помалку!

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Стабилен Парламент со 62 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, не значи помалку или повеќе работа за пратениците од коалицијата. Стабилен парламент со 62 пратеници значи стабилна Влада, стабилна Влада значи стабилна држава, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вечерва на панел дискусијата на тема „Стоиме на располагање на народот“.prat

– На овие избори граѓаните треба да разберат дека се бориме или за стабилност, која што ќе значи економски напредок и почитување на Република Македонија или ќе имаме хаотичен Парламент, хаотична Влада, хаотична држава и во следните четири години, истакна Димовски.

Во изминатите две години на тешка политичка криза во кои што Македонија беше во вкрстен оган  од различни фактори и субјекти

– Беше голем предизвик да се работи со конкурентска страна која што живее во некој фиктивен свет, во свет во кој што сите треба да веруваат во едната апсолутна вистина што едната и единствена партија, Сојузот на комунисти ја говори. Ние имавме навистина тежок период кога на овие луѓе требаше да им објасниме дека Собранието е дом на сите граѓани. Тоа што ние сме 60, а тие се 30 е заради тоа што граѓаните така сакале да биде. Токму истите тие граѓани и на изборите на 11 декември повторно ќе одлучат и бројките да не се променат, рече Димовски.

.

– Во Собранието клучни се бројките. ВМРО-ДПМНЕ секако на наредните избори ќе ја состави владата, но не е сеедно дали со 55 или со 62 пратеници. Наредните 55 дена ќе се одлучи за стабилноста и за проектите за наредните  години. Во наредните 55 дена со својата активност и мотив завзема став во наредните четири години. Сето тоа е стабилноста во Парламентот, а стабилноста се мери со бројки, рече пратеникот Ѓорчев.

Пратеничката Лилјана Затуроска говореше за отвореноста кон граѓаните и менаџирањето на нивните потреби, како и за функционирањето на пратеничките канцеларии, кои рече, ги имаат над 69.  Пратеникот Андон Чибишев се осврна на резултатите во делот на едукацијата во здрватсвото, на кадровската и структурната поставеност.