Состојки:
200 г исчистен аспарагус
2 парчиња пилешки гради
300 г домати
4 лажици масло или маслиново масло
1 лажичка сув босилок
1/2 лажичка рузмарин
1/2 лажичка црн пипер
сол по вкус
Подготовка:
Од едната страна на издолжена тава ставете исечен аспарагус, од другата исечени на половина домати, а во средината месото. Посипете ги зеленчукот и месото со масло и зачинете со зачини.
Промешајте со раце и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25-30 минути.