[РЕЦЕПТ] Меки крофни со шеќер во прав

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Состојки:
1 чаша брашно
1 чаша масло
2 јајца
2-3 кафени лажици шеќер
сол
сода
јогурт
шеќер во прав за посипување2cd3f6e5cc9a48f8ae50933920c04bb8

Подготовка:
Измешајте сода бикарбона во јогуртот, за да се подигне. Потоа измешајте ги со солта, шеќерот, јајцата и брашното. Со миксер измешајте ја смесата до добивање на меко тесто. Загрејте го маслото во длабок сад на средна температура и со помош на лажица пуштајте по една топка тесто во него.

Откако ќе се испржат крофните ставете ги во рамен сад, постелен со кујнска хартија да се исцеди. Посипете обилно со шеќер во прав пред сервирање.