Милошоски: СЈО не работи професионално, туку претпочита партиска работа

од desk3
82 прегледи

Последната изјава на госпоѓата Јанева дека вработувањето на нејзиниот внук во Специјалното јавно обвинителство не претставува непотизам е врв на нејзиното потценување на граѓаните и лицемерие кон принципите за транспарентност и за праведно работење, изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

milososki

-Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет. Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните. Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам – вели Милошоски.

Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала формирањето на СЈО, но дека оттаму немаат намера да поддржуваат и да оправдуваат постапки коишто ја девалвираат правната фела и постапки преку кои, според нив, СЈО, станува партиска испостава и место за вработување на блиски роднини.

 

МЕТА