Формирана новата партиска Коалиција – ВМРО за Македонија, составена од ВМРО Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија.
Шефот на Изборниот штаб на Коалицијата Ден Дончев ја претстави, како што рече, третата опција истакнувајќи дека ќе се борат за „слобода, демократија, економски просперитет, човекови права“ и за тоа Македнија да стане еднаква со сите држави во Европа.

-Луѓeто коишто ја предводат оваа Коалиција се луѓе кои во најтешките моменти за државата биле со Македонија и носеле добри одлуки. Ќе се бориме за демократизирање на државата, враќање на владеењето на правото, економски просперитет и пораз на корумпираното и раскалашеното раководство на ВМРО ДПМНЕ, рече Дончев.
Стојанче Ангелов рече дека му е чест една година подоцна повторно да соработува со премиерот во чие време најдобро се живеело, како и со министерот кој донел добри одлуки за безбедноста на државата.
Љубе Бошкоски рече дека по трет пат се обединуваат за Македонија и „победоносно чекорат кон нова победа“, додека Љубчо Георгиевски рече дека на нивната коалиција не треба да се гледа низ призмата на СДСМ ниту на онаа на ВМРО ДПМНЕ, туку како трета опција која ќе понуди многу за разочараните членови на ВМРО ДПМНЕ, за луѓето од центарот, а ќе бидат отворени и за сите оние со левичарско размислување.
Т