ЛП бара од ДИК да интервенира во Кривичниот суд за издавање на потврди за неосудуваност…

од desk3
135 прегледи

 

Откако сме усмено известени од судот дека издавањето потврди за неосудуваност за кандидатите за пратеници од Либералната партија нема да биде во можност да биде завршено во законски потребните рокови, Либералната партија се обрати до Државната изборна комисија со следното известување:

ivon-velickovski-670x472

„Ве известуваме дека во текот на денешниот ден наидуваме на проблем во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за пратеници од Либералната партија.

Конкретно, при доставата на документите, усмено сме известени дека надлежниот суд Скопје 1 Скопје веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните 7 дена.

Предупредуваме дека со тоа државата ќе спречи регистрирана политичка партија, во конкретниот случај – Либералната партија – да поднесе кандидатски листи за претстојните парламентарни избори.

Оттука, навремено Ве алармираме да ги преземете сите мерки да не ни се прават административно-политички пречки – нам и на другите партии кои ќе настапуваат самостојно на изборите.

Знаеме дека сте избрани со политичка поддршка на само четири партии, но одговарате пред Уставот и законот во Република Македонија.“

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, по овој повод изјави: Нема да дозволиме државата узурпирана од четири партии да не спречи во правото на политичко дејствување и остварувањето законски права. Знаеме дека сме им проблем, затоа што не сакаме да играме по туѓи ноти. Ги известуваме и сите амбасади за овие опструкции. Сакавте Пржино? Сега спроведете го на дело.