Лидерот на Демократската партија на албаците (ДПА) и носител на листата за кандидати за пратеници во ИЕ 6, Мендух Тачи најави дека по изборите ќе бидат донесени два закони за кои, како што рече се важни за Aлбанците во Македонија.
– Закон за фискална амнестија и ослободување на сите Aлбанци од долговите кои ги имаат кон државата и закон за амнестија на затоврениците Aлбанци. Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што ќе го направиме. Тоа ќе бидат првите два закони кои ДПА ќе ги донесе, рече Тачи на предизборниот собир во гостиварското село Вруток.
Тој се осврна и на политиката која ја води ДУИ, која според него, ги оставала Aлбанците на страна исто како и нивните потреби од инфрструктура и подобар живот и како што рече, не ги исполниле нивните потреби и барања.
Според Тачи, кандидатите за пратеници кои ги понудија на овие избори се нови лица без дамки во биографиите и се исклучително образовани луѓе, кои знаат да ги препознаат проблемите кои ги мачат албанците од овие краеви и да понудат решение.
На собирот кој се одржа во зградата на месната канцеларија, пред сопратијците се обратија и кандидатот за пратеник Рушит Веапи и шефот на изборниот штаб на ДПА за Гостивар Газменд Алију. Тие ја побараа поддршката на граѓаните повикувајќи на масновна излезност на денот на изборите.