(ФОТО) Шилегов: Изминатите десет години биле доволни за да се реализираат гасификацијата и изградбата на патиштата што ги најавуваат

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Носителот на листата за пратеници на СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска оствари средби со граѓани пред седиштето на општинската организација на партијата во Гостивар.

silegov

Шилегов изјави дека на средбите разговарале за проблемите коишто ги имаат гостиварци.

– Средбите ги започнавме со групата којашто е најмногу манипулирана. Им објаснивме дека Владата не им ги зголемува пензиите, туку тоа е обврска којашто мора да ја спроведе, рече Шилегов.

Тој, коментирајќи ја вчерашната изјава на неговиот противкандидат и носител од листата од коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Ѓорчев, рече дека изминатите десет години биле доволни за да се реализираат гасификацијата и изградбата на патиштата што ги најавуваат.

Шилегов, како што е најавено, ќе оствари средби и со жители од селото Беловиште, а попладне СДСМ ќе одржи предизборен собир во Центарот за култура АСНОМ.