ЛП и Величковски во штипски Стар Конак (Видео)

од Vladimir Zorba
103 прегледи

„Настапуваме самостојно за да бидеме гаранти дека во новата влада нема да има лица оштетени со криминал, за цивилна контрола врз службите, со гласовите на оние кои нема да гласаат за продолжување на кризата и мандатот на пржинската четворка“

shtip-star-konak

Во прилог ви се доставува информацијата од средбата со граѓаните што ја оствари претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски во штипската населба Стар Конак, на која присуствуваа и кандидатите за пратеници Данчо Марковски, носител на листата на Либералната партија и Пане Кукушев, втор на листата.

 

Обраќање на Ивон Величковски, претседател на Либералната партија,

 

Битно за штипскиот бизнис: Знаеме дека цената на струјата е значаен инпут за финалната цена на производот. Либералната партија гарантира дека во 6 месеци Влада во која учествува Либералната партија, либерализацијата на цената на струјата ќе биде комплетирана. Што тоа значи? Најмалку 35% поевтина струја за производните објекти. Купување на слободниот пазар. Односно, си купувате од провајдер за поевтина цена, согласно договорот што ќе го направите, за да може вашиот производ да биде со пониска влезна цена и, со тоа, да биде поконкурентен и на домашниот и на странскиот пазар. Тоа за штипскиот текстил ќе значи особено. Тоа се начини како може да помогнете на пазарна основа. Се друго е лага.

Причина за самостоен настап ни е потребата и можноста да ги извадиме гласачите кои знаат дека има потреба да се надмине кризата, и кои знаат дека гласањето за било кој од пржинската четворка всушност значи гласање за продолжување на мандатот на оние што ја создадоа кризата. И во исто време, да бидат сигурни дека во новата влада Либералната партија ќе биде гарантот на следното:
– Продолжување на мандатот на СЈО;
– Во составот на таа влада да нема лица оштетени со криминал или вршеле криминални дејности;
– Јасно ни е дека прислушкувањето не е проблем создаден од странски служби, туку од домашните служби. Тоа не смее да се повтори и тоа натаму мора да биде спречено, и цивилната контрола врз службите да биде воспоставена од задолжените органи.

Либералната партија не сака влада која ќе определува колку ќе биде минималната плата, туку Влада што ќе гарантира дека минималната плата договорена меѓу работодавците и синдикатите ќе биде испочитувана и исплатена. И во спротивно, државата, а не Либералната партија, ќе презема мерки. А доколку се исполнува законот, фирмите ќе бидат оставени да работат онака како што сакаат, за да создаваат профит.

Некои велат „Нема правда, нема мир“. Тоа е точно, но „нема пари – нема правда“, а „нема правда – нема мир“. Наравоучение: „Нема пари – нема мир“.

Ова се основните пораки што денес ги упати претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, на денешната средба со граѓаните на штипски Стар Конак, заедно со носителот на кандидатската листа во ИЕ3, Данчо Марковски и кандидатот за пратеник од Штип, Пане Кукушев.

 

Во продолжение ви доставуваме и текст на обраќањето:

 

Денеска ќе оствариме средба со граѓаните на Стар Конак, едно историско место од каде потекнуваат многу значајни државници во Република Македонија, а од тука потекнува и нашиот кандидат за пратеник од Штип, Пане Кукушев. Тука сум заедно со носителот на листата, Данчо Марковски, и сакаме да ја упатиме непосредно пораката онака како што ја тераме и досега кампањата, на ова место и на повеќе локации во секој град и село, да ги кажеме нашите ставови пред граѓаните, да ги чуеме нивните потреби од секојдневното живеење и, нормално, да повикаме да излезат на гласање и да ги дадат гласовите за оние во кои сметаат дека имаат доверба.

 

Величковски ги изнесе приоритетите на Либералната партија: „Прво, тоа секако е промената на власта. Нашиот став дека не прифаќаме непринципиелни „широки“ коалиции, туку дека цел ни е чиста победа на опозицијата го повторуваме и овде.

 

Причина за самостоен настап ни е потребата и можноста да ги извадиме гласачите кои знаат дека има потреба да се надмине кризата, и кои знаат дека гласањето за било кој од пржинската четворка всушност значи гласање за продолжување на мандатот на оние што ја создадоа кризата. И во исто време, да бидат сигурни дека во новата влада Либералната партија ќе биде гарантот на:

–          Прво, на продолжување на мандатот на СЈО;

–          Второ, во составот на таа влада да нема лица оштетени со криминал или вршеле криминални дејности;

–          Трето, јасно ни е дека прислушкувањето не е проблем создаден од странски служби, туку од домашните служби. Да повторам, оваа криза настана како последица на злоупотребата на моќта и власта и злоупотребата на службите во РМ, кои се ставени под партиска команда за остварување партиски и лични лукративни цели на власта. Тоа не смее да се повтори и тоа натаму мора да биде спречено, и цивилната контрола врз службите да биде воспоставена од задолжените органи.

Натаму, за она што значи приоритети на Либералната партија. Тие се консолидирана, стабилна држава, и она што значи – стабилни институции. Институциите се тие коишто го гарантираат остварувањето на правата на човекот и граѓанинот. А има ли посветли права од правото на живот и од правото на сопственост?

Во делот на правото на сопственост – укажуваме дека Либералната партија останува гарант на претприемништвото, односно нема профит – нема плата за никој вработен доколку стопанството не функционира. Стопанството не може да функционира само од администрација. Профитот на фирмите значи поголема плата за вработените.

 

Затоа, не лицитираме со минимални плати од толку или волку – нашата основна цел е да постои што поголема вработеност, што поголем профит кај фирмите, а нашата гаранција во тоа е со одржувањето на постојниот даночен модел. Македонија нема проблем со прибирањето на средствата во буџетот, туку има проблем со нивната нерационална употреба, односно со нерационалниот пласман на средствата во непродуктивни проекти.

Конечно, она што се дава во буџетот е од граѓаните – за граѓаните. Тоа е инвестиција во граѓаните. Инвестиција во луѓето што се наоѓаат во немаштија, да излезат од неа, да се вратат на пазарот на труд, инвестиција во спокојството на пензионерите. Според нас, во пензија треба да се оди на 63 години, за да има место и младите да се вработуваат, и луѓето, после сите напори што ги преживеале во својот работен век да можат спокојно да се пензионираат и да не се прашуваат дали ќе има пензија следниот месец. Ние сме гаранција дека и следниот, и по следниот и потоа ќе има пензија за сите, онака како што заслужиле.

 

Затоа, кога зборуваме за стабилни институции, кога зборуваме за владеење на правото, бидејќи нема владеење на правото без стабилни институции и без почитување на законот и на Уставот, зборуваме за конфискација на целокупниот имот што е стекнат спротивно на законот. А впрочем прислушкувањето се случуваше за да можат да се прават упади во фирмите и партиски да се диригираат економските текови во земјата. Значи, средствата што ќе бидат одземани по основа на конфискација и по основа на судска пресуда, а не по основа од мене или од Либералната партија, туку од суд, од институција – тие средства треба да се вратат назад. Онаму каде се сега потребни и од каде практично се незаконски одземени – во пензискиот и здравствениот фонд.

 

Одиме со непопуларни мерки. Веднаш најавуваме – откако ќе ги имаме вистинските бројки и статистики, оти не им веруваме на статистиките на оваа влада, ќе биде неопходно да се реорганизира и намали државната администрација. Но, бидејќи целта не ни е да отпуштаме луѓе, туку луѓето да работат – имаме концепт по кој јавните овластувања на државните органи ќе ги пренесеме на приватни ентитети. Штом тие се пренесат таму, луѓето нема да бидат на плата од државниот буџет, туку во фирмите што ќе ги остваруваат јавните овластувања и со тоа ќе бидат продуктивни. А цената на услугите, за она што денес го плаќаме 500 денари, тогаш ќе биде не повеќе од 350, бидејќи пазарната конкуренција ќе го прави своето.

 

Целта е повеќе пари кај граѓаните, поевтина услуга. Во исто време, ќе напоменам дека нашата проекција за буџетот во првите четири години влада во која ќе учествува Либералната партија е да не биде 3,4 милијарди евра како сега, туку 2,9 милијарди. Токму на овој начин – растеретувајќи го јавниот буџет, намалувајќи ги давачките за граѓаните кон државата, оставајќи 500 милиони евра повеќе во стопанството и кај граѓаните. Нема друг начин да се качи куповната моќ, стандардот и, со тоа – квалитетот на живеење. Се се сведува на тоа како одговорно да се управуваат јавните пари.

 

Некои велат „Нема правда, нема мир“. Тоа е точно, но „нема пари – нема правда“, а „нема правда – нема мир“. Наравоучение „Нема пари – нема мир“.

 

Она што сакам тука да го потврдам е дека тие непопуларни мерки ќе значат дека во прво време ќе биде тешко, не потешко од сега, туку само реално ќе се соочиме со вистинската состојба до која не доведе оваа власт. Гарантираме, ниту партиски ќе одлучуваме кој да се вработува, ниту кој да се отпушта. За се има принцип. Намалувањето на администрацијата: колку што ќе треба да се намалува и тие луѓе да се префрлаат во производниот или услужниот сектор, е по принципот: последен дојден – прв заминат. Не е целта луѓето да ги оставаме без работа затоа што така сака некој или некоја партија. Целта е луѓето да се префрлат од администрација во стопанство.

 

Го потенцирам она што е многу битно за Штип и штипската индустрија: рамниот данок не е проблем. Ние го браниме рамниот данок како решение уште од 2006 година. Нема причина да ги демотивирате малите и средните стопанственици кои вработуваат 70% од работоспособното население со тоа што ќе им ги качите даноците. Нема потреба да се земаат повеќе пари од граѓаните. Ние имаме друг концепт.

 

Со останувањето на даночната стапка, бизнисот го создава својот профит што нема да му биде повеќе оданочен, со тоа може да го пушти во производниот процес, во платата на вработениот, тоа значи повеќе пари кај вработените. Нема успешен бизнис ако вработените не се задоволни, вработените се столбот на фирмата, заедно со менаџментот. Тоа се вистинските односи меѓу луѓето, наместо да создавате односи на кавга меѓу вработениот и работодавецот.

 

Либералната партија не сака влада која ќе определува колку ќе биде минималната плата, туку ќе гарантира дека минималната плата договорена меѓу работодавците и синдикатите ќе биде испочитувана и исплатена. И во спротивно, државата, а не Либералната партија, ќе презема мерки. А доколку се исполнува законот, фирмите ќе бидат оставени да работат онака како што сакаат, за да создаваат профит.

 

Величковски повтори дека непопуларните мерки како укинување на субвенционираниот превоз во Скопје со пари од другите градови, како и „бесплатните“ бањи за пензионерите што ги плаќаат и оние што не ги користат остануваат определба на Либералната партија, без оглед на сугестиите тоа да се премолчува како непопуларно.

 

Тој укажа и дека понудата останува на укинување на целосната забрана за пушење во угостителските објекти, како и на забраната за продажба на алкохол по 19 часот: Ајде да не ги малтретираме луѓето, па на слава не можат како луѓе – повика претседателот Величковски.

 

Она што е битно за штипскиот бизнис: Знаеме дека цената на струјата е значаен инпут за финалната цена на производот. Либералната партија гарантира дека во 6 месеци Влада во која учествува Либералната партија, либерализацијата на цената на струјата ќе биде комплетирана. Што тоа значи? Најмалку 35% поевтина струја за производните објекти. Купување на слободниот пазар. Односно, си купувате од провајдер за поевтина цена, согласно договорот што ќе го направите, за да може вашиот производ да биде со пониска влезна цена и, со тоа, да биде поконкурентен и на домашниот и на странскиот пазар. Тоа за штипскиот текстил ќе значи особено. Тоа се начини како може да помогнете на пазарна основа. Се друго е лага.