Иванка Трамп критикувана за честитката кон нејзиниот син

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Ќерката на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп – Иванка, беше критикувана поради поздравот кон нејзиниот син за неговиот роденден, пишува Daily Mail.cff4173c21b040a2d5a36ec53836615a

Иванка сподели фотографии од својот мал син како бебе во Instagram во неделата. “Не можам да верувам дека Теодор сега има осум месеци. Среќен роденден, мал кадифен Мечо “, ја потпишала сликата 35-годишната Трамп.

По споделувањето Иванка станала предмет на потсмев од страна на корисниците на социјалната мрежа, кои укажале дека поздравот е смешен, бидејќи го слави секој месец на својот син.

“Тоа не е роденден – тоа е друго”, напишал еден од коментаторите.

“Оу, јас заборавив да им честитам на моите деца за обичниот ноемвриски ден”, соопштил друг корисник.

Самата Иванка одговорила со иронија на коментарите: “Секако сте прави, но само во првата година од животот на бебето секој месец може да се истакнува како роденден”, напишала таа на социјалната мрежа.

Фото: Instagram

Иванка Трамп не за прв пат станува жртва на напади од страна на корисниците на социјалните сајтови.

За време на предизборната кампања многумина ѝја бојкотираа модната марка со хаштагот #GrabYourWallet.

 

Слични содржини