73
Се очекува да биде пуштено и официјално соопштение
Идниот претседател на САД Доналд Трамп го избрал Том Прајс, кој по шести пат е републикански конгресмен од Џорџија, да биде министер за здравство и социјалните служби, пишува New York Times .
Официјалното соопштение се очекува да биде направено деновиве, истакна извор од тимот на Трамп, кој побарал да ја задржи својата анонимност.
Прајс, кој е ортопедски хирург, е еден од најголемите критичари на законот за здравствена заштита, и според него тој спречува пациентите и лекарите да носат медицински одлуки.