Митоманија е термин кој означува болна опсесија на одредени луѓе да измислуваат приказни за неверојатни случки, како и да ја извртуваат вистината и да претеруваат во опишувањето на вистински случки, со цел да се прикажат самите себеси во поволно светло.”, или во случајот со еден збор таков е Стевчо Јакимовски.

Пред неколку денови на прес конференција митоманот на општина Карпош, Јакимовски го обвини претседателот на партијата во која што членувам за политичко дно, во таа прес конференција беше споменато и моето име и презиме, па чувствувам морална одговорност да и одговорам на јавноста, не на донот на градежната мафија во Карпош.
Најпрво да разјасниме, Јас Сенад Смаиловиќ не сум кандидат за пратеник, а тоа јавноста може да го види кандидатските листи за престојните парламентарни избори се јавно достапни па слободно можам да кажам МИТОМАНУ ЛАЖЕШ !
Второ, немој да ја лажеш јавноста дека сум им се заканувал на твоите “принцези”, мојот начин на функционирање е малку поинаков од твојот. Јас не се заканувам, јас тепам.
Ајде сега ред е малку да се позанимаваме и со тебе. Мафташ со некои ливчиња хартија кои кои што слободно можеш да си ги урамиш во домот, како доказ за твоето патолошко лажеше.
Говориш дека ти го почитуваш семејството, дека ги почитуваш жените а не кажуваш колку фамилии во општина Карпош имаат проплакано од тебе и твојот криминал со локациите кои што ги продаваш како да ти се од чеизот.
Одговори и на јавноста како на бизнисменот Зоран Азманов му ја продаде локацијата спроти ТЦЦ Плаза за која што сеуште се води постапка за денационализација. Кажи и на јавноста колку пари незаконски зема ТИ како дон на градежната мафија од таа зделка.
Имаш обврска пред граѓаните и ќе имаш, тие кривични дела не застаруваат, одговори за начинот на кој што Чифлиганец стигна до локацијата кај СП, на зелениот појас мислам, те потсетувам од причина што сите знаеме дека патолошките лажговци имаат кратко паметење.
Нешто и од скоро, треба да одговор и да дадеш како го рушеше објектот на фирмата ДС Галаб, исто така на објект врз кој има постапка за приватизација и денационализација.
Ајде кажи и на јавноста за третиот ти “син” Петар Мишиќ нешто повеќе. Тој тоа што имаше за тебе го кажа, после секоја втора трета чашка во Белимбегово ги пее и становите и криминалите што ги имаш правено низ Карпош. Инаку за пошироката јавност тоа е лицето кој е “бард” на спортските игри во Македонија. Секое уплатено ливче е добитно… Народот не пие нафта, играта на среќа не се мести како што го редите криминалот со локации !
А за становите немора мене да ми кажеш, ќе одговараш пред институциите…
И за крај на митингот на СДСМ во Карпош имаше горди карпошани и скопјани како што им доликува, прокиснати се тие кои што на прес конференцијата стојат зад тебе, и тие не сакаат но за работно место станува збор.