(ФОТОГРАФИИ) Видете ги најчудните подароци кои ги добила кралицата Елизабета II

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Кралица Елизабет II

3. Канада, 1958 г .: Тотем. Кралицата-мајка, која ја претставувала Елизабет, добива вод нејзино име 30-метарски тотем од војсководецот Мунго Мартин од индијанското племе Квакиутил што живее на островот Ванкувер.

4. Франција, 1972 г .: Сад за вино во форма на скакулец. Уникатниот сад за вино и бил подарен на кралицата од францускиот претседател Жорж Помпиду, познат како познавач на модерна уметност. Познатиот париски музеј Центар “Жорж Помпиду” е изграден по нарачка на претседателот во 1969 година

5. Камерун, 1972 г .: Африкански шумски слон. Џамбо III е дониран на зоолошката градина во Лондон и умира во 1988 година

6. САД, 1991 г .: каубојски чизми. Иако е малку веројатно кралицата дека ги покажувала некогаш чизмите, тие се подарени за време на државна посета во САД, таа е позната како обожавател на коњите. Таа ја добива својата прва лекција по јавање кон на 3-годишна возраст, а нејзините коњи имаат освоено над 1600 трки.

7. Австралија, 2000 г .: Кучешки сапун. При посета на поранешниот рударски град Баларат кралицата, која е позната по својата љубов кон кучињата раса корги, добива кучешки сапун Timid Joe од брендот Tilley. Не сакаат од неа да ја плати цената од 40 пени.

8. Британски Девствени Острови, 2015 г .: Сол. Одговорот на Британските Девствени Острови на прашањето што да и се купи на жената која има сè, е историски. Во Англија во времето на кралицата Викторија било вообичаено гувернерот на солениот остров да испраќа на британскиот монарх сол наместо рента. Традицијата е обновена при посетата на Елизабета во 2015 година, иако само како симболичен гест.

9. Германија, 2015 г .: Слика на Никол Лајденфрост. Минатата година германскиот претседател Јоаким Гаук и подари на кралицата слика на која е насликана тааа и нејзиниот татко. Елизабет не била особено импресионирана. “Чуддна боја за коњ”, рекла таа, по што го навела убиствениот втор удар: “Се претпоставува дека тоа е татко ми, нели?”.