Знаеме како да се справиме со тие што ве прислушуваа, ги кршеа изборните правила и од земјата однесоа над 5 милијарди евра.
Ќе им се конфискува сѐ и ќе се врати на народот.
Промените се за да има систем за да одговара и Премиерот и Министрите ако го кршат Уставот. Политичката мафија ќе ја сместиме во БИЗНИС ЦЕНТАРОТ ВО ИДРИЗОВО, таму каде што тие испратија десетици, само затоа што не сакале да им служат и да бидат нивни послушници.
Отвораме перспективи за младите, создаваме бизнис услови за отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат над 90.000 млади и стручни кадри. Од Буџетот ќе издвојуваме над 800 милиони евра за развој. Со минимална плата од 300 евра ќе се зголеми продуктивноста, а странските компании не ќе можат да ги експлоатираат работниците.
Повеќе од 25 години сеат магла Премиерите, дека сакаат Македонија да биде полноправен член на НАТО и ЕУ. Тие не сакаат европски стандарди и вредности.
Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, без да се менува Уставното име. Затоа имаме граѓански консензус.
Ќе има реформи во системот за безбедност и судството. Тие што монтираа и фабрикуваа судски случаи и праќаа невини во затвор, ќе мора да понесат одговорност.
Ќе обезбедиме стабилност на државата, позорникарите ќе ги вратиме во населбите.
Реформите во образованието ќе ги направат професорите и студентите во соработка со бизнис заедниците.
Екстерното тестирање ќе го укинеме.
Ќе обезбедиме најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра.
Само 100 денара судска такса и за две третини ќе ги намалиме паричните казни, а радиодифузната такса исто така ќе ја укинеме.
Почитувани граѓани ние имаме визија за Македонија.
Македонија ќе биде модерна европска држава.
Сакаме мирот и спокојството да го вратиме во секое семејство.
Сакаме и тоа ќе го направиме, секој да се чувствува горд на својата земја, насмевката да се врати кај секој.
Сега е време за клучни одлуки. Во прашање е да се биде или не. Загрозена е иднината на Македонија.
Промените мораме заедно да ги направиме.
Ве повикувам сите, посебно неопределените, приклучете ни се, гласајте за кандидатите за пратеници на Коалицијата за промени и правда.
Имаме искусен тим, врвни професионалци, луѓе со високи морални квалитети.
Дајте ни шанса програмата да ја реализираме.
Одличен број, 5..
Гласајте за да тргнат работите напред.”