Што сакаат мажите од жените во спалната соба?
Сите сме слушнале за “жената, која треба да биде дама во текот на денот и курва во ноќта”, но колку вистина всушност има во овој израз? На темата има што да каже сексологот Трејси Кокс.
По неколку години на истражување и пишување за сексот, таа тврди дека во популарниот израз има многу вистина, особено во вториот дел. Само можеби треба да ги замениме зборот “курва” со “жена која е сексуално уверена авантуристка и знае што сака”.
Иронијата е дека жените често ја потиснуваат оваа своја страна, кога ќе се сретнат некого, кого навистина го сакаат, бидејќи сметаат дека нивниот партнер може да остане со погрешен впечаток. Сепак, ова е грешка, убедена е Трејси.
Популарниот сексолог изготвува и листа на работи кои сигурно ја прават една жена “чудесната во кревет”.
Иницира секс
“Таа не го прави првиот чекор за секс” е најчестата поплака кај мажите. Ако секогаш мажот го иницира сексот, пораката е јасна и гласна: “Јас имам секс само затоа што ти сакаш секс.”
Не суди
Жена која нема автоматска реакција “Не!” кон предлог за нешто малку необично, придружена со “знаев дека си чуден” и згаден поглед, бележи сериозни точки во кревет.
Секој има фантазии или предрасуди, кои се малку необични, но ние обично мислиме за своите како чудни, а гледаме кон оние на останатите како откачени.
Ако она што партнерот го нуди, не би довело до физичка или психичка болка за никого од нас двајцата, тогаш што е проблемот?
Жените кои мажите ги сметаат за одлични во кревет, се отворени кон нови идеи.
Не се срамат да кажат “не”
Жените кои велат “да” на сите желби и барања за да го задоволат својот партнер, се спротивно на секси. Обратно од очекуваното, таквото однесување ја убива желбата и интересот кон сексот, бидејќи целта на жената е да достави задоволство на партнерот, но таа самата не го доживува.
Добро е од време на време да ги исполнуваме желбите на партнерот, но во останатото време “сексуалната чесност” е од клучно значење.
Ја сакаат разновидноста
Трејси вели дека добива стотици пораки во врска со ова. Тие вклучуваат најразлични прашања: “Зошто не гледа порно со мене?”; “Зошто не се шетаат голи?”.
Она што тој го вели на сите овие прашања, е дека има потреба од нешто што не е навикнат да го гледа или да прави.
Да бидеме со ист човек до крајот на животот е како да јадеме едно исто јадење повторно и повторно. Вистината е дека и двајцата имаат потреба од разновидност.
Утре очекувајте го и вториот дел од материјалот.