Во принцип врвот на сексуалната активност кај мажот доаѓа порано отколку кај жената.
Кај 30 и повеќе годишните настапува внимателна селекција на партнерките по стекнатото искуство и пренаситеност од различноста.
Додека на оваа возраст на жените почнуваат да им се допаѓаат сексуалните игри и да чувствуваат поголема разиграност.
Се случуваат сепак и здравствени пречки кои се одразуваат врз сексуалната активност на посилниот пол. Континуираните или честите стресни моменти и психолошкиот притисок го потиснува либидото. Освен тоа вишокот тежина и нарушувањата во размената на материите исто ја убиваат сексуалната желба. Во овој случај соодветно лекување и консултации при специјалист лесно можат да ги поправат работите.
Сексуалниот мерак паѓа многу силно од пушењето. Само ги никотинот “лаже” мозочните центри, кои се одговорни за задоволство. Испушувајќи цигара, мажот се смирува и добива макар и минимално, но задоволство. И тоа соодветно може да ја замени сексуалната наслада.
Нискиот тестостерон исто влијае на активноста во спалната соба. Правилната исхрана може да го зголеми либидото и да ја зајакне потенцијата. Значи многу е важно навремено да се обрнува внимание на сексуалните проблеми и да се прави така што сексуалниот живот ќе биде исполнет.
И конечно, за ерекцијата на машкото либидо многу голема улога може да одигра психолошката поддршка од страна на “слабиот пол” – и не само меѓу чаршафите.