Белгијките се најзадоволни во кревет

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Обелоденувајќи ги сексуалните тајни на Европејките, една студија покажа дека дамите во Белгија се првенки по оргазам, пишува “Дејли стар”.

Анкетата била спроведена од сајтот за вонбрачни врски Викторија Милан и опфатила над 8300 жени од 20 европски земји. Резултатите покажуваат дека шампионката во областа на оргазмите, Белгијката, достигнува до кулминација во сексот во просек 13,86 пати неделно. Следуваат Французинките (11,34 пати) и Ирландките (10,64 пати).

Во Топ 10 на оргазамот наоѓаат место уште Британките (9,89), Шпанките (9,73), Холанѓанките (9,31), Норвежанките (9,17), Швеѓанките (8,82), Италијанките (8,26 ) и Гркинките (7,84).

На незавидното 20-то место со ниско либидо и едвај 4,48 оргазма неделно се квалификуваат Финландките.

“Сите знаеме дека се потребни малку повеќе време, напор и интерес, за да дознаеме што точно ја тера жената да добие оргазам. Оваа анкета покажува дека дамите стануваат посигурни во тоа да изразат гласно што сакаат, за да достигнат кулминација во сексот. Задоволителниот сексуален живот е од корист за физичкото и психичкото здравје и го прави секојдневјето толку пријатно “, велат авторите на студијата.