Степенот на сексуално задоволство директно зависи од факторот романтизам, покажува новото истражување во САД со учество на 2.000 лица.
Волонтерите одговорија на прашањата поврзани со изборот во сексот. Желбите им биле различни. Сепак некои желби преовладувале.
Така на пример, романтиката и галењето им се допаднале на речиси сите мажи и жени. На нив им се сакале повеќе бакнежи, милувања, прегратки и комплименти, и други пријатни работи на партнерот за време на сексот.
Истражувачите истакнуваат и друго: многу мажи и жени имаа различни сексуални фантазии и тие можат да ги отелотворуваат во далечна иднина, но ретко го правеле ова претходниот месец или претходната година.
Специјалистите ги повикуваат партнерите да ги споделат сексуалните фантазии. Тоа го зголемува квалитетот на интимниот живот и на односите во целина.