Веќе ве информираме дека Magic Leap претставија очила со додадена реалност и безжична технологија за следење на движењата. Компанијата планира да продава на пазарот неколку различни верзии на уредите и исто така веќе склучиле стратешко партнерство со NBA. Благодарение на овој проект, идните сопственици на уредот ќе имаат можност да репродуцираат во реално време кошаркарски средби во миксирана реалност. Лично шефот на Magic Leap, Рони Абовиц потврди дека цената на Magic Leap AR ќе биде околу 1.000 долари.
Во својата изјава тој обрна внимание на фактот дека миксираната и додадената реалност се релативно нови технологии и намалувањето на цената под оваа вредност е сериозен предизвик. Мagic Leap AR ќе чини колку еден смартфон од висока класа и со оглед на можностите на уредот на оваа фаза е оптималната варијанта, пренесоа Endadget. Рони Абовиц увери дека плановите на компанијата се да продаваат на пазарот неколку модели на паметни очила кои нудат различни функции.
Најскапата конфигурација ќе може да се купи по цена слична со онаа на гејмерски компјутер. Премиерата на овој модел ќе биде следната година. Magic Leap VR се погодни и за гледање на мултимедијални содржини и работа со социјалните мрежи, бидејќи ќе можат да ги проектираат пред вашите очи омилените филмови или вашиот „ѕид“ на Facebook. Специјалната технологија ќе се грижи потрошувачите да не чувствуваат непријатност, ако работат премногу долго со Magic Leap AR.