LG ќе претстави нов премиум паметен телефон на посебен настан во наредните месеци. Ова беше објавено на прес-конференција на компанијата на мобилниот конгрес во Барселона.
Шефот на мобилнaтa поделба на LG, Хванг Јонг-Хуан изјави дека се уште е рано да се зборува за конкретен датум, но сигурно премиерата ќе биде во првото полугодие.
Тој потврди дека компанијата има нова стратегија за мобилни телефони и нема да биде управуванa од конкуренција.
Сепак, засега нема планирани радикални промени, а работата на старите планови за производи се во тек, но ќе се ажурираaт.
Само пред еден месец за време на саемот CES потпретседателот на LG Electronics, Чо Сунг-Џин објави радикална нова стратегија, која може да доведе и до ребрендирање на топ моделите G и V, нешто што барем за сега очигледно не се случува.
Како што е познато, Корејците претставија нова верзија на V30 во Барселона.