Планината од „Game of Thrones“ постави светски рекорд

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Самиот факт дека твојот прекар е „Планина“ значи дека имате доста импресивна физика. Ова е случај со актерот од „Game of Thrones“ Хафтор Бјорнсон.

Тој е познат по натчовечката сила, за што придонесуваат и неговите димензии – 2.06 м.височина и речиси 180 килограми. Да, импресивно, но уште поимпресивно е неговото достигнување на „Arnold Strongman Classic“. На натпреварот, најсилните мажи на планетата се собираат заедно за да измерат сила на различни начини.

Бјорсон ги сруши сите негови претходни достигнувања откако крена 472 килограми. Ова е скоро четири килограми повеќе од претходниот светски рекорд. Зад „Планината“ остана трикратниот победник од натпреварувањето, Брајан Шо, и Михаил Шивљаков кој се пласираше трети.

За постигнувањето, Бјорнсон беше поздравен лично од Арнолд Шварценегер и доби солидни 72.000 долари. Тоа е осмото по ред учество за актерот од „Game of Thrones“ во „Arnold Strongman Classic“, а неговите претходни најдобри достигнувања беа второ место во 2017 година и петтото – во 2016 година.

Слични содржини