Новото истражување од Consumer Intelligence Research Partners (CIRP) покажува дека корисниците на Android се многу поверни на брендот кој го користат, отколку оние кои користат iOS.
Според истражувањето лојалноста кон Android расте значително од 2016 година и во моментот е повисока од било кога. Измерен е процентот на корисници во САД, кои останале верни на оперативниот систем откако си купиле подобар телефон во 2017 година. 91% се одлучиле да останат со Android, а 86% останале со iOS.
Според Мајк Левин, партнер и основач на CIRP, корисниците избираат оперативен систем и остануваат со него докрај, само во различен процент.
Лојалноста кон брендот кај корисниците на Andoird и iOS варира во текот на годините – во 2013 најлојални беа корисниците на iOS, но од јануари 2016 до декември 2017-та, Android води, откако варира помеѓу 89-91% лојалност спрема 85-88% кај iOS.
Сепак CIRP забележуваат дека корисниците на Android се доста повеќе од оние на iOS и поради таа причина бројката луѓе што минува од iOS кон Android, е горе-долу иста како оние што минуваат од Android кон iOS.