Ратајковски на меден месец во пустина

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Откако на крајот на месецот се омажи на прилично неочекувана и нестандардна церемонија, Емили Ратајковски очигледно одлучила да не ја пропушта традицијата за меден месец по свадбата. Веќе неколку дена, убавицата е на необично место за оваа намена.

Моделот и нејзиниот сопруг, Себастијан Беар-МекКалард, буквално се сокрија од светот, откако престојуваат во луксузниот комплекс „Amangiri“ во пустинските делови на Јута. Значи Емили, без никакви грижи, ја прави својата омилена работа – се релаксираат и позира без облека.

Иако изгледа сред никаде (и е горе – долу така), одморалиштето нуди луксуз од највисоко ниво. Ратајковски објави неколку жешки снимки од медениот месец. На една од нив се гледа како позира гола во бања,
зад која има голем прозорец со поглед на пустината.

Собите нудат овој спокој и изолација на младенците. Цените за едно ноќевање се околу 9.000 долари за вечер. Очигледно, Емили може да штеди на облека, но не и од луксузните искуства.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Слични содржини