289
Спортскиот одел на Audi ќе развие електричен автомобил со четири врати со високи перформанси. Новиот модел ќе се вика E-Tron GT и ќе ја користи платформата на Porsche Mission E. Оваа вест е уште еден доказ за спектакуларните планови за електрификација на VW Group.
E-tron GT ќе биде разработен заедно до E-tron Quattro – електричниот кросовер кој го видовме во Женева неодамна. Директорот на Audi Руперт Стадлер смета дека електричните автомобили можат да испорачуваат високи перформанси, а овие два модела ќе го истрелаат Audi Sport во иднината.
E-tron Quattro веќе стана јасно дека ќе чини околу 80.000 евра кога ќе излезе на пазарот. Ова може да се случи релативно наскоро – уште во 2019 година. Повеќе детали се очекуваат во текот на летото.