Хамилтон ја „позајмил“ својата девојка на Нејмар за една ноќ

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Пилотот во Формула 1, Луис Хамилтон и фудбалерот на ПСЖ Нејмар секогаш покажувале доста блиски односи.

Англичанецот неколкупати го нарекувал бразилецот „свој брат од друга мајка“. И очигледно двајца се толку добри пријатели што можат да делат сè, вклучувајќи и љубовници.

Пред неколку месеци Нејмар и Луис поминале заедно една забавна ноќ во Лондон. А сега излегува дека не била само забава, туку просто луда.

Двајцата биле на забава, опкружени со модели на „Victoria’s Secret“. Меѓу нив била и убавицата Барбара Палвин, за која имаше доста гласини дека е во врска со шампионот од Формула 1.

Според информации на „Сан“, забавата траела до утринските часови, а Хамилтон, како еден вистински добар пријател ги оставил Нејмар и Барбара во луксузен стан, од кој манекенката излегла дури по неколку часа, облечена со друг фустан.

Напаѓачот на ПСЖ тивко се вратил во својот хотел. Тешко дека двајцата само разговарале … Доколку не сте запознаени со Барбара, погледнете во галерјата:

Слични содржини