Петтиот дел од „Индијана Џонс“ ќе излезе на 10 јули 2020 година

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Стивен Спилберг објави дека ќе почне со снимање на петтиот дел од серијалот „Индијана Џонс“ во април 2019 година, пренесе „Vulture“.

Работата треба да биде главно да се одвива во Велика Британија. Планирано е филмот, кој се уште нема наслов, да биде прикажан на 10 јули 2020 година.

Првиот филм во серијалот беше завршен од Спилберг во 1981 година и веднаш станува хит.

Продуцент на филмот, како и на другите три, е Џорџ Лукас. Според претходните извештаи, Лукас сепак нема да учествува во создавањето на петтиот дел од серијалот.

Како и во претходните филмови, планирано е Харисон Форд да биде главниот лик. Тој има 75 години.

Слични содржини