Sharp Aquos S3 mini нуди „исечен“ дисплеј за 200 евра

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Телефоните на Sharp не стигнуваат до нашиот дел од светот, но компанијата продолжува да создава нови модели за Азија.

Следниот уред се нарекува Sharp Aquos S3 mini и е дизајниран за Кина, а неговите карактеристики го ставаат во сегментот на средната класа. Меѓу нив откриваме 5,5-инчен дисплеј со резолуција 1080 x 2040 пиксели и исечен горен дел за предната камера, чипсет Snapdragon 630, 6GB RAM, 64GB меморија за складирање и 16МР главна камера (f / 2.0) со PDAF автофокус.

Фановите на селфи фотки сигурно ќе ја ценат предната камера со резолуција 20МР (f / 2.0), која вклучува портретен режим и се користи за препознавање на лицето.

Паметниот телефон исто така нуди сензор за отпечатоци и 3020mAh батерија, но нема приклучок за слушалки.

Изненадувачки, оперативниот систем е Android 7.1 Nougat.

Sharp Aquos S3 mini се продава во Кина за 1.599 јуани (205 евра).

Слични содржини