Сексапилната и гламурозна Киара Бјази раскина со фудбалерот на Валенсија, Симоне Заза. За последен пат, двајцата објавија свои фотографии заедно на социјалните мрежи околу Новата Година.
Тогаш италијанскиот пар одеднаш престанаа да се појавуваат заедно. Бјази веќе го напуштила нивниот заеднички дом во Шпанија и ќе го продолжи својот живот без Заза. Како што е добро познато, бринетатата работи како модел и блогер и дефинитивно знае како да влезе во центарот на вниманието. Бјази е меѓу најследените девојки на фудбалери на Твитер и Инстаграм.
Кјара застана цврсто зад Заза по промашениот пенал за Италија во 1/4-финалето на Евро 2016 против Германија. При шегите на негова адреса, тогаш беше засегнат и неговиот личен живот.
„Ако води љубов како што шутира пенали, може да се каже само една: Греота девојката!“, беше една од популарните еги во тоа време.
Меѓутоа, г-ѓа Бјази не остана рамнодушна кон ова и веднаш ги нападна хејтерите.
„Смирете се“, пишува Киара, „со мене тој секогаш погодува. Има и такви како Симоне кои промашуваат еднаш, и други кои промашуваат во целите нивни животи“.