На веб-страницата на американскиот регулатор FCC се појавиле информации за новиот паметен телефон на Samsung со шифрата на производот SM-J720.
Следејќи ја актуелната пракса со имињата на уредите на корејската компанија, тоа треба да биде Galaxy J7 (2018).
Документацијата на FCC не дава многу детали за самиот телефон, но сепак знаеме дека неговата големина ќе биде 153 x 76 mm. Дијагоналата на екранот ќе биде 140 mm, што значи дека ќе видиме 5,5-инчен панел.
Од тестовите во Geekbench, дознаваме дека Galaxy J7 (2018) ќе има Exynos 7885 процесор со фреквенција од 1.6 GHz, оперативната меморија ќе биде 3 GB, а оперативниот систем е Android 8.0.
Процесорот е сериозно надграден во однос на минатогодишниот J7 и нуди две Cortex-A73 јадра, како и шест Cortex-A53 јадра.
Графичкиот акцелератор е Mali-G71.