Експеримент разгледува колку луѓе би платиле да го користат Фејсбук

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Фејсбук, Википедија, Гугл и Јутјуб се бесплатни, но многу луѓе веројатно би плаќале за да ги користат услугите. Прашањето е колку би платиле? Истражување на американското Национално биро за економски истражувања се обидува да открие одговорот, пишува „Кварц“.

Научниците од МИТ и Универзитетот во Гронинген направиле едноставен експеримент: прашале околу 1.500 лица дали преферираат да имаат пристап до Фејсбук, или да добијат одредена сума на пари. Таа е варира помеѓу 1 долар и 1.000 долари, а за да бидат луѓето чесни во своите одговори, им рекле дека еден на секои двесте всушност ќе ги добие парите.

Во 2016 година 50 долари биле доволни на половина испитаници да се откажат од Фејсбук за месец. (Оваа бројка не е сосема прецизна – 1.500 луѓе се премногу малку на број, за да се одржи таква студија – н.з.) Во 2017 година потребната сума паднала поблиску до 40 долари, но не е позната причината за тоа.

Со слични методи научниците пресметале дека просечниот Американец би оценил година на бесплатно користење на мејл со 8.400 долари, дигитални карти на 3.600 долари и сајтови за е-трговија, како Amazon, со 840 долари.

Заклучоците не се категорични, но покажуваат дека е можно сега бесплатните онлајн услуги да бидат прифатени во замена за прифатлива сума.

Слични содржини