Првиот електричен автомобил на Porsche ќе носи турско име

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Porsche ќе го именува својот прв целосно електричен автомобил со турско име – Taycan. Револуционерниот за конструкторот проект беше под името Mission E и се очекуваше така да остане и откако автомобилот ќе излезе на пазарот во 2019-та.

Според зборовите на извршниот директор на Porsche, Оливер Блум, новото име значи „витален млад коњ“ (од турски – tay – мал коњ и can – виталност). Името се поврзува со коњот во средината на амблемот на Porsche.

Најмоќната варијанта на Taycan ќе биде со 600 КС и ќе биде способна да забрзува до 100 км / ч за 3,5 секунди. Porsche ветува поминување на 500 километри со само едно полнење. Основниот модел ќе почнува од околу 85 илјади долари, но ќе се потпира на 402 КС.

Porsche создаде и посебна фабрика за електрични автомобили во кампусот во Штутгарт. Отпрвин ќе можат да бидат произведувани по 20 илјади автомобили годишно, но според Блум има и простор за развој. Компанијата верува дека до 2025 година четвртина од светските продажби ќе бидат на електрични модели.

Интересно во новото име е дека Taycan е вториот автомобил од гамата на Volkswagen Group со турско име по Volkswagen Touran.